Информациониот систем за Интегрирано гранично управување

Националната комисија за интегрирано гранично управување со преставници од ИТ (информатичката технологија) од надлежните институции кои имаат надлежност во системот на Интегрираното гранично управување, изготви “Студија за информатички систем за интегрирано гранично управување” која е усвоена на седницата на Владата одржана на 06.02.2008 година. Изготвена е и “Студија за изводливост на информациско-комуникацискиот систем за Интегрирано гранично управување (Физибилити студија)”.

На 26.03.2009 година е ставен во функција Информациониот систем за Интегрирано гранично управување преку  кој:

  1. се остварува висока координација  на мерките и активностите во Системот на Интегрираното Гранично Управување
  2. се врши размена на податоци и информации меѓу државните органи и институции кои имаат надлежности во Системот на Интегрирано Гранично Управување
  3. се остварува координација и прави проценка на состојби при итни случаеви на граничните премини
  4. се остварува координација во прекуграничната соработка

Информациониот систем за Интегрирано Гранично Управување е основен механизам преку кој Националниот координативен центар за гранично управување обезбедува висок степен на координација меѓу државните органи и институции кои имаат надлежности во граничното управување.

Информациониот систем за Интегрирано гранично управување обезбедува платформа  за размена на информации при следење на состојбите на граничните премини и ќе развие база на податоци за управување со границата, со цел координиран пристап и размена на информации помеѓу државните органи кои имаат надлежност во граничното управување.

Со тоа е воспоставен систем за организирани и координирани мерки на државните органи и институции вклучени во Интегрираното Гранично Управување во надзорот на законитоста на влезот и излезот на лица, стоки и превозни средства, спречувањето и откривањето на организираниот криминал спречувањето на лица и сторители на кривични дела и сите видови на шверц преку граничните премини, контрола и спречувањето на преносот на материи и заразни болести што ги загрозуваат љуѓето и стоките.

Проекти: