Агенција за храна и ветеринарство

Oпределбата на Република Македонија за пристапување во ЕУ и должностите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, ја утврдуваат потребата за усогласување на националното законодавство од областа на безбедноста на храната со соодветното ЕУ Аcquis, како и негова целосна имплементација во секторот храна.

Поглавјето 12 од Националната Програма за усвојување на правото на Европската Унија, Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, преку соодветните надлежни органи одговорни за безбедност на храната во Република Македонија, детално ја разработува оваа област, почнувајќи од примарното производство на храна до нејзината употреба од страна на крајниот потрошувач.

 

Со одредени број легислативни акти (опфатени со Поглавјето 12), Европската Унија го дефинира системот на безбедност на храна како единствен систем од фарма до трпеза, со покривање на сите сектори на ланецот на исхрана, вклучително и производството на добиточна храна и исхрана на животните, примарното производство, преработката на храната, складирањето и дистрибуцијата, здравствената заштита и благосостојба на животните.

 

Поради комплексноста на институционалната поставеност на системот за контрола на безбедноста на храна во Република Македонија, која беше распределена меѓу две министерства, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за здравство, потребно беше да се преиспита можноста за реорганизација на системот.

 

Согласно преземените обврски, Република Македонија треба да воспостави и одржи систем на официјални контроли и други активности кои не секогаш можеа стриктно да се разграничат меѓу одделни надлежни органи на управа.

 

Потребата за реформи во системот на безбедност на храна беа очигледни и констатирани од страна на надлежните институции на Република Македонија.

Со донесување на Законот за безбедност на храната (Службен весник на 157/10) од 01 јануари 2011 година, се формира Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија, во која се инкорпорираат постојните: Управа за ветеринарство, како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Дирекцијата за храна како орган во состав на Министерството за здравство.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство, е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице, и е  надлежен орган за вршење на работите во областа на безбедноста на храна и храна за животни, спроведување, контрола, надзор и следење на ветеринарните активности во областа на здравствената заштита на животните, нивна благосостојба, ветеринарното јавно здравство, како и контрола на лаборатории кои даваат поддршка за потребите на Агенцијата.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство конторолните системи во интегрираниот систем на контрола на храна ги класифицира во 11 области и тоа: контролен систем за здравствена заштита на животните (Control sistem for animal health); контролен систем за храна од животинско потекло (Control system for food of animal origin); контролен систем за увоз на храна од животинско потекло (Control system for imports of food of animal origin); контролен систем за добиточна храна и исхрана на животните (Control system for feedingstuff and animal nutrition); контролен систем за ТСЕ и нус производи од животинско потекло (Control system for tse and animal byproducts); контролен систем за ветеринарно-медицински препарати и резидуи (Control system for veterinary medicines and residues  ); контролен систем за генерална безбедност на храната (Control system for general food hygiene) контролен систем за увоз на храна од растително потекло (Control system for imports of food of plant origin); контролен систем за пестициди (Control system for pesticides); и   контролен систем за благосостојба на животните (Control system for animal welfare).

 

Со овој нов реорганизиран концепт, Агенција за храна и ветеринарство ќе продолжи активно да учествува во процесот на воспоставувањето на системот на Интегрираното гранично управување, врз основа на Стратегијата за интегрираното гранично управување и Националниот акционен план за интегрирано гранично управување, со што се овозможува олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди и најдобрата пракса.

Агенција за храна и ветеринарство како орган вклучен во Интегрираното гранично управување ќе ги продолжи организираните и координирани мерки во надзорот на законитоста на влезот и излезот на, стоки и превозни средства, спречувањето и откривањето на сите видови на шверц преку граничните премини, контрола и спречувањето на преносот на материи и заразни болести што ги загрозуваат љуѓето и стоките.

 

За подетални информации може да ја посетите веб страната на Агенција за храна и ветеринарство:

http://www.veterina.gov.mk