Home
  • НАСЛОВНА
  • КОНТАКТ
*********************************************
  • Национална комисија
  • координативен центар
  • Министерства
  • ЗАКОНИ
  • ПРАВИЛНИЦИ
  • Односи со јавност
  • ДОКУМЕНТИ
  • ПРОЕКТИ
*********************************************
НАЦИОНАЛНА КОМИСИЈА
ЗА ИНТЕГРИРАНО
ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ

*********************************************
*********************************************





Почитувани посетители,

Воспоставувањето на  системот на “ИНТЕГРИРАНОТО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ”   е една од Стратешките определби на Република Македонија за влез во НАТО и ЕУ.

Имплементацијата на активностите за воспоставување на системот на Интегрираното гранично управување се основа и на процесот за либерализација на визниот режим со ЕУ.

           

Ви посакуваме-добредојде на веб страницата  на НAЦИОНАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ, со цел Ваше запознавање за воспоставувањето на системот на “ИНТЕГРИРАНОТО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ”.



“ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ”

Стратешките определби на Република Македонија за влез во НАТО и ЕУ, значеше обврска за повлекување на Армијата од должносите за граничното управување и предавање на истите на Граничната полиција.

Со тоа започна процесот на Интегрираното гранично управување кој претставува воспоставување на систем кој треба да овозможи олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди и најдобрата пракса.

Имплементацијата на мерките и активностите во системот на Интегрираното гранично управување врз основа на Стратегијата за интегрираното гранично управување и Националниот акционен план за интегрирано гранично управување, како и согласно Шенген прирачникот ќе овозможи да се изгради систем кој ќе развие база на податоци за управување со границата и нивна поврзаност во рамките на Информатичкиот систем за интегрирано гранично управување, со цел пристап и размена на информации помеѓу државните органи кои имаат надлежност во граничното управување.

  • Прочитај повеќе
Работилница на тема слободни зони, слободни складови, царински складови и бродска достава

Гевгелија, 03-04 Јуни 2009

Организирана од:
Европска Комисија (Technical Assistance Information Exchange Unit - TAIEX)
Во соработка со:
Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство на Република Македонија - Управа за ветеринарство

Работилницата беше организирана за официјалните ветеринари од ветеринарните инспекциски места на граничните премини, за вработените од Секторот за гранична ветеринарна инспекција и за вработените од Секторот за јавно здравство при Управата за ветеринарство-Скопје.
Предавачи на овој настан беа еминентни експерти од Европската Унија, кои преку своите излагања од сопственото поле на работа и интерес ги збогатија познавањата на официјалните ветеринари на граничен премин во Република Македонија, во следните области:

  • Прочитај повеќе
Работен состанок одржан меѓу преставници од Царинската управа и Управата за ветеринарство

Управата за ветеринарство е во постојана комуникација и соработка со Царинската управа што покажува и работниот состанок одржан со царински претставници од сите царински испостави во Република Македонија на 29.04.2009 година во10.00 часот во просториите на Царинската управа.
На овој состанок предмет на презентација беше упатството за примена на законот за ветеринарно здравство од страна на царинските службеници, донесено од Директорот на Царинската управа при што активно учество преку одговарање на поставените прашања и појаснување на делови во врска со предметното упаство зедоа поканетите претставници од Управата за ветеринарство. На состанокот беше разгледано и објаснето следново:
- Пријавување на пратки од животинско потекло при влез во Република Македонија;
- Проверка и преглед на пратки од животинско потекло од страна на официјален ветеринар на граничен премин на влез во Република Македонија;
- Листа на животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои при влез во Република Македонија подлежат на проверка и преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин;
- Време на отпочнување на царинска постапка за пратки од животинско потекло од страна на царинскиот орган;

  • Прочитај повеќе
Посета на странска делегација на НКЦГУ

1. На 13.05.2009 год. во 09,00 часот во работна посета на НКЦГУ присуствуваше делегација од 30 гости на земјите членки на регионалниот проект CBSC. За време на посетата делегацијата го псети Дежурниот Центар на НКЦГУ каде им беше презентиран системот за видео надзор на Граничните Премини на Р.Македонија а свое обраќање имаше и координаторот на НКЦГУ д-р Гоце Џуклески при што ја запозна делегацијата со улогата и задачите на НКЦГУ во системот на Интегрираното Гранично управување.

2. Истиот ден во 17,00 часот просториите на НКЦГУ ја посети висока делегација на „FRONTEX“ (Агенција на ЕУ за обезбедување на надворешните граници на ЕУ) и одржаа работен состанок со координаторот на НКЦГУ д-р Гоце Џуклески.

3. На 14.05.2009 год. во 09,00 часот во просториите на НКЦГУ присуствуваа делегација од 13 странски новинари од Светски новински агенции при што од страна на координаторот на НКЦГУ д-р Гоце Џуклески им беше презентиран системот за видео надзор на Граничните Премини на Р.Македонија и улогата на НКЦГУ во Интегрираното Гранично управување.

(Дирекцијата за радијациона сигурност) - учество на „Курс за обука на обучувачот за користење на опрема“,
Во периодот од 09-12 јуни 2009 година, Дирекцијата за радијациона сигурност ќе учествува на обуката „Курс за обука на обучувачот за користење на опрема“, која ќе се одржи во Скопје и на граничните премини Табановце, Блаце и Деве Баир. Оваа обука e финансирана и е во организација на Амбасадата на САД во Скопје/Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS).
  • Прочитај повеќе
Дирекција за радијациона сигурност

(02.06.2009, гранична испостава Блаце)

Дирекцијата за радијациона сигурност во соработка со Царинската управа на Република Македонија направија рутинска контрола на гранична испостава Блаце на камион кој бил товарен со брусни плочи наменети за сечење метал. По извршениот инспекциски увид констатирано е дека измерените вредности на брзина на доза се во границите на природниот фон.

Ставен во функција Информациониот систем за Интегрирано гранично управување (ИСИГУ)

Скопје, 26 март 2009

На 26.03.2009 година е ставен во функција Информациониот систем за Интегрирано гранично управување преку  кој:

  • Прочитај повеќе
Одржана работилница на тема Улогата и задачите на НКЦГУ

На 24.12.2008 година,во седиштето на НКЦГУ, во време од 10-13 часот,се одржа работилница на тема:,,Улогата и задачите на НКЦГУ,,. На истата учество зедоа претставници од:

  • Прочитај повеќе
Работилниница за ветеринарни гранични контролни процедури

Струга, 15-16 Декември 2008

Организирана од:
Европска Комисија (Technical Assistance Information Exchange Unit - TAIEX)
Во соработка со:
Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство на Република Македонија - Управа за ветеринарство

  • Прочитај повеќе
12next ›last »
Syndicate content